Илјадници возачи на лондонското метро, наставници, лекари и државни службеници денеска штрајкуваат во Велика Британија, барајќи повисоки плати.
Штрајкот е организиран на денот кога конзервативната влада го објавува годишниот буџет.
Во Лондон утрово подземната железница речиси воопшто не сообраќаше поради штрајкот на возачите и другите вработени.
Штрајкуваат и просветарите, кои најавија дека протестот ќе продолжи и утре.
Лекарите кои протестот го започнаа во понеделникот се уште не се вратени на работните места.
Цените на храната и енергијата во Велика Британија растат, а инфлацијата е над 10 отсто.