Шумски пожар во Калифорнија: Евакуирани 500 куќи, уништени 4 илјади хектари шума

11

Властите на американската сојузна држава Калифорнија наложија евакуација на околу 500 куќи поради голем шумски пожар кој го зафати подрачјето северно од Лос Анџелес и уништи околу 4 илјади хектари шума и разна вегетација.

Пожарот изби во средата попладне во близина на езерото Хјуз каде беа уништени 20 хектари околу езерото, а потоа огнената стихија се прошири на околу 4 илјади хектари.

Од локалната противпожарна служба соопштија дека околу 300 пожарникари пристигнале на лице место и се борат за ставање под контрола на големиот пожар.

„Локалната полиција ги евакуира жителите во таа зона“, соопштија тамошните власти.

Во Калифорнија се почесто избиваат шумски пожари од огромни размени, а експертите сметаат дека главна причина за тоа се високите температури, кои пак се последица на глобалното затоплување.

Последниот најголем пожар изби во 2018-та година и тогаш 86 лица го загубија животот.