Ѓоковиќ ги загрижи навивачите: Не знам дали ќе играм до крајот на годината

10

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во финалето на Ју-Ес опен од Данил Медведев со 4-6, 4-6 и 4-6, а по натпреварот кажа дека нема план за завршницата на сезоната.

Србинот не успеа да го освои својот 21. гренслем-трофеј во кариерата, а засега не е сигурен каде ќе игра по Ју-Ес опен, иако до крајот на годината следат Индијан Велс, Париз, па Завршниот мастерс.

„Мислам дека навистина се потрудив да се подготвам на најдобар можен начин. Едноставно, денеска играв против подобриот тенисер, кој имаше повеќе енергија. Што се однесува до завршницата на сезоната, немам никаков план. Не знам дали ќе играм некаде…“, вели Ѓоковиќ.