Ѓоковиќ го потврди своето учество на турнирот во Дубаи

16

Првиот светски рекет и 22-кратен грен слем шампион Новак Ѓоковиќ им зборуваше на новинарите во Белград за закрепнувањето од скинатата тетива.

– Што се однесува до повредата што ја добив пред Австралија опен, се закрепнав и постепено се приближувам до стопроцентната форма. Јас и мојот тим донесовме одлука дека ќе одам во Дубаи и ќе играм таму следната недела, изјави Ѓоковиќ.

Тој коментира и дека сè уште не добил дозвола за влез во САД за учество на мартовскиот Мастерс.

– Процесот е во тек, и тоа е сè што знам. Не можам да го контролирам текот на овие настани. Би сакал да играм и мило ми е што ја имам поддршката од директорите на турнирите во Мајами и Индијан Велс. Се надевам дека ќе биде донесена одлука во моја корист, истакна српскиот тенисер.