Ѓоковиќ е слободен, веќе почнал да тренира

4

Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ потврди дека српскиот тенисер веќе го одржал првиот тренинг во Австралија.

Откако судот пресуди во негова полза, Новак Ѓоковиќ е ослободен од притвор и веднаш му се врати на тенисот.

Србинот кој е деветкратен шампион на Австралија опен, ги почна подготовките за големиот турнир. Неговиот брат потврди дека Ноле го имал првиот тренинг.

„Новак е на слобда! Пред малку тренираше на тениски терен. Тој отиде да освои уште еден Австралија опен. Тој отиде во Австралија за да игра тенис. Да направи уште еден рекорд кој о брка. Отиде со најдобри можни намери, ја даде целата можна документација која му ја бараа, на крај достави и медицинско изземање. Епилогот денеска го дознавме. Новак е спортист, најдобар тенисер на сите времиња. Задоволни сме што е задоволена правдата и вистината, што на целиот свет му покажа која е вистината“, изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Министерот за имиграции денеска не донесе одлука за депортација на Новак, со што тој по судската одлука е слободен. Иако не е исклучена можноста министерот во наредните денови да нареди депортација на Ѓоковиќ, развојот на настаните нуди оптимизам дека Србинот ќе игра на Австралија опен.