Ѓоковиќ може да остане без настап на Грен слем турнир цели единаесет месеци?

0

Мотивацијата на Вимблдон за Новак Ѓоковиќ е поголема, бидејќи според сегашните правила тој нема да има право да настапи на УС Опен. Американските надлежни органи не дозволуваат влез на лица без примена ковид-вакцина.

Српскиот тенисер загуби на патот до финалето на Ролан Гарос, а не доби дозвола за настап на Австралија опен. Тоа значи дека Лондон е последното место на кое ќе брка Грен слем трофеј оваа сезона.

На почетокот на следната година е закажан турнирот во Мелбурн. Србинот поради овогодишниот скандал има тригодишна забрана за влез во Австралија. Тоа значи дека цели единаесет месеци Ѓоковиќ ќе чека одново да се бори за голем трофеј, по завршувањето на Вимблдон.

Еден од најдобрите тенисери на денешницата вели дека е свесен за пречката со која се соочува. Поради тоа целосно се фокусира на максимален успех на тековниот настан во Велика Британија.