Ѓорѓиевска: Не сум виновна за смртта на Пино

81

Димитар Дангов адвокатот на мајката на убиениот Секондо за душевни болки и за смрт на член на потесното семејство, најави оштетно побарување за Маја Трпкова, мајка на убиеното момче, пишува Слободен Печат.

Разбрав за што сум обвинета. Не се чувствувам виновна за кривичното дело бидејќи ништо од тоа што е наведено во обвинението не сум го сторила рече Ангела Ѓорѓиевска од Скопје, второобвинета за убиството на Пино Секондо.

Тој беше убиен на 11 декември минатата година. Неговата познаничка Анѓела Ѓорѓиевска (22) е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо. Исчезнувачењето на Секондо во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.

На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

За време на истрагата првообвинетиот Али Фуркан избега од Скопје. МВР по него распиша меѓународна потерница.

Димитар Дангов адвокатот на мајката на убиениот Секондо за душевни болки и за смрт на член на потесното семејство, најави оштетно побарување за Маја Трпкова, мајка на убиеното момче.

Адвокатот на обвинетата Ѓорѓиевска рече дрка ќе докажат дека во критичните 10 и 11 декември лани немало никаква комуникација, ниту пак нејзин допринос за смртта на момчето.

– Ангела не е инволвирана во сторување на вакво кривично дело. Тоа е докажано два пати со нејзино полиграфско испитување. Ваква измама на техника од 22-годишната Ангела е невозможно – рече нејзиниот адвокат Еленко Миланов.