Ѓукановиќ му врати на Кривокапиќ: Не сте вие повикани да судите дали сум го прекршил Уставот

7

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ соопшти дека реакцијата на премиерот Здравко Кривокапиќ ја смета за „популистичка, политикантска и под секое ниво“.

Претходно денеска Кривокапиќ, коментирајќи ја одлуката на Ѓукановиќ да ги врати на повторно разгледување сите закони кои ги донесе Собранието на седницата на 29 декември, меѓудругото наведе дека „на Ѓукановиќ му е гајле за државата штом тој не ја поседува“.

– Но, тоа е негов проблем. Па нели тој и лидерите од мнозинството се оние кои хорски се огласија и очекуваа дека јас ќе бидам соучесник во нивното противправно постапување, и натамошно поткопување на системот и државните институции. Не се тие повикани да судат дали јас сум го прекршил уставот. За тоа нека повелат да проверат пред надлежната институција – Уставниот суд. Но, за нив изгледа и собранискиот деловник е неразбирливо четиво, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Тој исто така упати и „добронамерен совет“.

– Не судете за тоа што не го знаете. И не ја бранете вие Црна Гора од мене. На крајот, за да ја добиете очекуваната почит и нормално кохабитација, почитувајте ги уставните надлежности и потрудете се малку повоспитано да комуницирате, напиша Ѓукановиќ.