Ѓуркоски и Јанкулов дополнително повикани во У21

31

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски прати дополнителен повик за Александар Ѓуркоски од Шкупи и Ѓорге Јанкулов од велешки Борец за почетните натпревари на младата репрезентација во квалификациите за ЕП 2023.

Нашата млада селекција на 2. и 7. септември ќе се соочи со Франција во Ле Ман и со Србија на домашен терен во циклусот за пласман на ЕП во Романија и Грузија.

На редовните клупски тестирања на вирусот Ковид-19, позитивни резултати добија Марио Младеновски од Ботев Пловдив и Адриан Хајдари од Рапид Виена. Двајцата фудбалери ќе поминат период на самоизолација и многу веројатно нема да конкурираат за место во тимот за пресметките против Франција и Србија.

На 29. август во Скопје е официјалниот собир на репрезентацијата до 21 година.