Јанушев: Ветинг за политичарите и судиите – Ние Груевски ниту сме го избркале, ниту планираме да враќаме некого (ВИДЕО)

10

Најавивме три крупни инвестиции кои ќе ги обелодениме веднаш после победата. Приватните компании, особено големите чиишто акции котираат на берза, нивното објавување пред да се „стави на хартија“ може да донесе до извесни поместувања. И она што џентлменски сме го договориле нормално е да го испочитуваме, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Програмата која што беше планирана да се презентира пред изборите кои беа закажани за 12 април е различна од оваа програма која што ја имаме сега – не многу но е реадаптирана, бидејќи периодот после одложувањето на изборите па се до нивното новото закажување 15 јули го искористивме да ја ревидираме програмата пред да ја финализираме, односно да ја адаптираме на новонастаната ситуација. Затоа во сите јавни настапи укажуваме дека ова што е дадено во „Проектот обнова“ и се она што стои во него ќе го реализираме, изјави Јанушев во врска со проблемите и поместувањата кои што се случија со КОВИД-19 кризата.