Јапонскиот премиер го предупреди Нетанјаху: Намалете го бројот на цивилни жртви

1

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го повика својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху да го намали бројот на цивилни жртви во Газа.

За време на телефонскиот разговор Кишида порачал дека е клучно „брзо да се смири ситуацијата“, се вели во соопштението за печатот на јапонската влада.

Како одговор, Нетанјаху ја изложил позицијата на Израел за воената операција во Газа, се вели во соопштението, без да се наведат детали.

Израел е под зголемен меѓународен притисок да избегне убивање на невини Палестинци за време на неговата војна против Хамас.