Јовановски до судијката: Парите да ги барате кај Зоран и Вице Заеви, не кај мене

Бојан Јовановски, по изрекување на пресудата за случајот „Рекет“, и порача на судијката Васка Николовска Масевска да ги бара парите кај Зоран и Вице Заеви, а не кај него. Притоа најави дека деновиве ќе поднесе кривични пријави против, како што рече, „вистинските сторители на кривични дела во Македонија“.

42

„Притворот го сметам за тенденциозен, одлуката за политичка, а притворот ќе ми го продолжите оти така ви е наредено. Сите овие месеци се покажа дека во случајот не станува збор за обелување на правосудниот систем и за мојот притвор се покажа дека има сплеткани садови. Нема да бегам, туку едвај го чекам први јули да дозволите да отидам во Јавното Обвинителство“, рече Јовановски во големата сала на Кривичниот суд каде претпладнево беа обелоденети пресудите во случајот „Рекет“.

Јовановски е осуден на девет години затвор за делата „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“, додека, пак, Катица Јанева, која поради здравствени и семејни причини остана дома, е осудена за делото „злоупотреба на службената положба и овластувања“.