Јокиќ и Дончиќ запишаа трипл-дабл во победите на Денвер и Далас (ВИДЕО)

8

Денвер му го нанесе осмиот пораз по ред на Бруклин во НБА-лигата и тоа со 124-102.

Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 27 поени 12 скока и 10 асистенции, додека Вил Бартон имаше 21 поен. Кај Нетс, кои беа без Кевин Дурент и Џејмс Харден, најмногу се истакна Кајри Ирвинг со 27 поени и 11 асистенции.

Далас со 103-94 ја совлада Атланта. Лука Дончиќ запиша трипл-дабл со 18 поени, 10 скока и 11 асистенции, а имаше голема помош и Џејлен Брансон со 22 поени. Џон Колинс со 22 поени и 18 скока беше најдобар кај Хоукс, а очајна шутерска вечер имаше Тре Јанг со 17 поени, но не погоди ниту една тројка од шест обиди.

Демар Дерозан постигна 45 поени за Чикаго, но тоа не беше доволно за победа против Филаделфија, која славеше со 108-119. Жоел Ембид имаше 40 поени и 10 скока за Сиксерс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Минесота – Детроит 118-105
Кливленд – Индијана 98-85
Орландо – Бостон 83-116
Хјустон – Њу Орлеанс 107-120
ЛА Клиперс – Милвоки 113-137