ЈП Лајка започнува со работа – Идната недела советот ќе ја одобри програмата

19

Со спроведување на новата програма, ЈП Лајка ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници и значително намалување на нивниот број на улиците.

На следната седница на Советот на Град Скопје ќе се расправа за Програмата за хуман третман и благосостојба на животните скитници за работење на ЈП Лајка.

Со спроведување на новата програма, ЈП Лајка ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници и значително намалување на нивниот број на улиците, велат од Град Скопје.

Програмата предвидува заловување на нерегистрирани/видно необележани кучиња на јавни површини, без сопственик, нивен преглед во ветеринарната служба во стационарот, привремено сместување во стационарот до нивно вдомување или враќање на локација од каде што се заловени или трајно згрижување во резерват за кучиња. Претходно кучињата ќе бидат тестирани, третирани (по потреба), вакцинирани против беснило и заразни болести, дехелминтизирани, стерилизирани/кастрирани и обележани со ушна маркица и микрочип.

Прочитајте и… РЕКОРДНИ 18,3 СТЕПЕНИ: Забележана највисоката температура на Антарктикот
– Најзначајна новина е регистрацијата, односно отворањето на ветеринарна служба на Градот чии услуги ќе бидат по минимална пропишана цена од ценовникот на Ветеринарната комора на СРМ, додаваат од Градот.

Истата ќе биде опремена по најсовремени стандарди и ќе има две хируршки сали, дел за интензивна нега, приемен преглед, чекална, стерилна просторија и просторија за лекови.

Во минатото редовно, речиси без исклучок, една иста амбуланта го добиваше тендерот за третман на уличните животни на територијата на Град Скопје и услугите од истата беа двојно преплаќани од буџетот на Град Скопје.

– Стационарот го зголеми својот внатрешен капацитет и при реконструкцијата на постојниот објект од 80 дотраени метални боксови, се направија нови ѕидани 100 апартмани за кучиња со подно греење и со вентилација по стандардите пропишани во правилниот за прифатилишта од Агенцијата за храна и ветерина, се вели во соопштението.