Јубилејното „ Охридско лето“ ќе почне на 4 август

180

Поради пандемијата со корона вирусот, 60 јубилејно издание на фестивалот „ Охридско лето“, ќе започне на 4 август и ќе трае до 30 во месецот, информира директорката Наташа Поповиќ. Програмата ќе оди во живо, со почитување на протоколите од Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Уредбата на Владата на Република Северна Македонија.

Сите настани ќе се одржат во живо и на отворено , на сцените на Античкиот театар, Долни Сарај и предворјето на црквата Света Софија. Капацитетите ќе бидат исполнети само 50% со гледачи,а задолжително е носење маски и со дистанца и меѓу публиката и уметниците, потенцира директорката на фестивалот, Поповиќ. Билетите ќе се продаваат онлајн, но и на продажните места на „ Охридско лето“, а заинтресираните ќе треба да ги купуваат со почитување на меѓусебното растојание, еден по друг.
Содржините на фестивалот ќе бидат објавени на прес конференција за десетина дена, во присуство на селекторите на драмската и музичката програма на фестивалот, дополни директорката, Поповиќ.