Јувентус нема да ги продолжи договорите со неколку фудбалери за да заштеди 70 милиони евра

9

Јувентус има намера да се раздели со пет играчи на лето за да ги намали трошоците. Голема е веројатноста по одземањето на 15 бода, Јувентус следната сезона да не влезе во Лигата на шампионите.

Поради загубата на приходите, клубот ќе мора да ги намали трошоците за играчите.

Според „Газета дело спорт“, италијанскиот клуб нема да ги обнови договорите со Адриен Рабио, Алекс Сандро, Хуан Квадрадо, Леандро Паредес и Анхел Ди Марија. Поради ова Јувентус ќе заштеди околу 70 милиони евра плати.

Договорите на сите горенаведени играчи со Јувентус се со важност до летото 2023 година.