Јувентус ќе го продолжи договорот на Камбијасо до 2028 година

2

Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо е блиску до продолжување на договорот, пренесува новинарот Николо Шира.

Според Шира, 24-годишниот Италијанец ќе го потпише договорот до летото 2028 година, а неговата плата ќе биде 2,4 милиони евра.

Сезонава Камбијасо одигра 39 натпревари на кои постигна три гола и шест асистенции.

Во текот на кариерата Камбијасо има настапувано за Болоња, Емполи, Алесандрија, Савона, Албисола и Џенова.