Јужна Кореја планира да ги олесни мерките, но ги продолжува поради омикрон

4

Јужна Кореја ги продолжи мерките утринава поради пандемијата на Ковид за дополнителни две недели, бидејќи расте бројот на случаи заразени со омикрон, вклучително и 21-часовен полициски час за рестораните и ограничување на приватни собири до шест лица.

Ограничувањата требаше да бидат укинати во неделата, но премиерот Ким Бу-кјум рече дека продолжувањето е потребно за да се забави ширењето на омикрон поради страв дека прославите на кинеската Нова година, кои завршија во средата, може да предизвикаат инфекција.

„Забавувањето на темпото на ширење на омикрон, кое од ден на ден се приближува до својот врв, е приоритет во овие тешки околности“, рече тој на владина седница. Новиот дневен број на инфекции е тројно зголемен во последните две недели, но бројот на смртни случаи и сериозни инфекции остана релативно низок во високо вакцинираната земја.

Јужна Кореја објави рекордно дневно зголемување од 27.443 нови случаи на Ковид, заедно со 24 нови смртни случаи, соопштија утринава Корејските центри за контрола и превенција на болести.

Речиси 86 отсто од 52 милиони луѓе во земјата се целосно вакцинирани, а 53,8 отсто ја примиле дополнителната вакцина.