Јунајтед со нови 80 милиони купува уште една ѕвезда на Лестер!?

6

Манчестер Јунајтед веќе долго чека враќање меѓу најдобрите во Англија, а и оваа сезона лошо котира бидејќи се наоѓа надвор од „европската зона“ на табелата. Според најавите на медиумите од „островот“, Оле и Јунајтед ќе тргнат по играч од средината на теренот.

Прв пик за „црвените ѓаволи“ ќе биде одличниот играч за врска на Лестер, Џејмс Медисон. Сепак доколку сакаат да ги добијат неговите услуги, ќе мора да платат високи 80 милиони фунти.

Сепак, малку веројатно е дека Лестер би го пуштил еден од најдобрите фудбалери во јануари, поради ситуацијата на табелата. Тие би немале време да најдат адекватна замена, па овој трансфер може да биде извршен на лето.

Двете екипи веќе соработуваа летово, кога Манчестер Јунајтед за идентични 80 милиони фунти го купи Хери Мегваер.

Медисон игра одлично оваа сезона и е моторот на екипата на Роџерс. Тој во 17 настапи за Лестер запиша пет погодоци и три асистенции, но многупати одиграл клучна улога во натпреварите.