Јута реди победи, Тре Јанг ги сруши Клиперс

33

Во НБА-лигата утринава на програмата беа само три натпревари.

Јута продолжува со фантастичната форма и денеска ја запиша деветтата победа по ред откако го совлада Њујорк со 108-94. Руди Гобер имаше 18 поени и 19 скока, Ројс Онил имаше најдобри 20 поени во кариерата, додека Мајк Конли 19. Остин Риверс најмногу се истакна кај Никс со 25 поени.

Атланта ја прекина низата од седум победи по ред на Лос Анџелес клиперс славејќи со 108-99. Тре Јанг имаше фантастична вечер и постигна 38 поени и максимално го искористи фактот што кај гостите не играа првите две звезди Каваи Ленард и Пол Џорџ поради Ковид-19 протоколите, а недостигаше и Патрик Беверли, кој имаше проблем со коленото. Реџи Џексон ги предводеше Клиперс со 20 поени.

Џон Вол го предводеше Хјустон до триумф од 107-88 против својот поранешен тим Вашингтон. Постигна 24 поени, а имаше и голема помош од Демаркус Казинс, кој натпреварот го заврши со 19 поени и 11 скока. Бредли Бил со 33 поени беше најдобар кај Визардс, додека Расел Вестбрук постигна 19 поени со 11 скока.