„Њујорк тајмс“ го поправи текстот за Србија и Косово и ги негираше информациите дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе се состане со претседателот Доналд Трамп в сабота, објави специјалниот претставник на американскиот претседател за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, на Твитер.
„Не сум изненаден, затоа што тие го напишаа текстот, а не зборуваа со мене. Измислуваат“, напиша Гренел.
Тој истакна дека „Њујорк тајмс“ погрешно ја напишал неговата функција во текстот, нарекувајќи го американски претставник за Балканот.