Њујорк, Њујорк…

19

Државата, за повеќето од жители на Балканот, отсекогаш била непријател. Во тензични ситуации, војни и мир, државата, без разлика на кого им припаднал, бил непријател. Ретко кога државата била на страна на граѓаните во овие земји и претежно овој „производ“ е нешто што граѓаните го плаќаат најскапо и речиси никогаш не го „консумирале“

Од Идро СЕФЕРИ

Неодамна во „њујоршките денови“ во седиштето на ООН недостасуваше само Френк Синатра. Некако, неговата песна „Њујорк,Њујорк“, би се совпаѓал со средбите на балканските лидери и нивните изјави во текот на овие денови во седиштето на светската организација. За жал, Синатра е мртов! Но, неговата сличност со политиката може да биде друга случајност. Тоа што ги прави да се совпаѓаат се две одлики на супер-шоуменот Синатра. На сцена беше брилијантен и сакан. Неговата друга одлика беше како авантурист и сакаше да флертува со мафијата. На генералното собрание имаше исто толку елементи така што ќе имаше и еден празник на Синатра: шампањско, псцовки, чад, застој, влечење, пазарење, лаги, украси и ритам. Балканците во главно беа на еден нивен празник во (“backstage” ) или зад сцената. Интересен беше фактот што некои зборуваа за мир и стабилност, некои за дијалогот со Косово, некои за глобалните прашања и повеќето на овие говори имаше идилични зборови и романтизми, кои во главно не се применуваат надвор од сцената на ООН, туку просто само за песна.

Додека, во Њујорк се зборува за неопходноста за соработка, истите овие политичари, а повеќето тука се одговорни за тоа што сакаат да ги решаваат половично. Балканците не му веруваат веќе толку многу на системот, толку колку што сум сигурен дека имаат недоверба и да земаат анестезија, бидејќи имаат страв дека нема да се разбудат ако навистина имаат потреба за операција. Балканците се толку „извежбани“ од системот што нема натприродно суштество да ги убедува, дека нешто што им се кажува дека ќе поминува добро, ќе го има истиот исход. “Што не се случува”. Балканците во политичкото шоу, што изгледа убаво на сцена се само технички гледачи. Меѓутоа, не тие што наспроти сцената стојат со замрзнати погледи и се како гости, туку просто слуги на настапите што го прават системот да се движи.

Сега, кога помина летото и е време на зимници, повторно и се враќаме на реалноста. Во оваа реалност се случуваат бројни средби, посети, идеи за договори и на брзина се чини дека ќе биде добро. Така, до декември ќе биде еуфорично за промени и можеби дури и одреден успех. Но, граѓаните сепак се пасивни и функционираме според системот, „оди си ти, оти јас доаѓам…“.

За Балканците, каде се верува дека најмалку 15-20 проценти од населението емигрирало во последните 10 години, државата сè уште останува неверна. Овој проблем се објаснува само преку историјата. Во некои случаи, како што е Албанија, на пример, беше во комунизам, а во земјите од поранешна Југославија, малку во помек систем. Подоцна тензии и војни и потоа и процесите на транзицијата. Во повеќето од случаите кога едно мнозинство успеало да триумфира, го тероризирал малцинството. Подоцна пристигнаа политичките партии. Наместо на физички тероризам, тие се преминаа во психички тероризам, промовирајќи го непотизмот, корупцијата, молчењето, не реагирањето, амнестијата за сомнителни групи, аферите, создавање на мочурлив систем – што е вода, но не и море!

Како што се и балканските политичари, така, луѓе кои во повеќето на случаите се граѓани кои не веруваат, бидејќи тоа што го велат не се случува или лагите стануваат ”ОК”, ако се во функција на кампањата и политиката, така што и граѓаните само велат „во ред„, но државата за срце го заземаат само тие кои имаат директни придобивки и се милитанти. Тоа не значи дека нема патриоти, луѓе кои навистина ја сакаат нивната држава со друг имиџ. Бев изненаден во животот кога се сретнав со Швајцарци, Швеѓани, Шпанци или Германци кои се патриоти. Но, државата таму сепак е нивна. Балканците нема многу придобивки од државата. На пример, во животот тука граѓаните плаќаат даноци, комуналии и други комунални услуги,кои се директно поврзани со парите и од претплатите во државата добиваат услуги: полицијата (безбедносни наддавачки компании), болници (компании за медицински услуги), потоа судскиот систем ( компании за наддавање на правни експерти, административни услуги (компанија за граѓанска евиденција), образование (компанија за експерти за знаење), Министерство за земјоделство (компанија за управување со производи и истражување на развојот на земјоделството), владите (компании на високи експерти за управување ма човечки и капитални ресурси) и многу други услуги како што може да биде компанијата за собирање на отпад. Што е државата? Систем за управување и системи што се поврзани со општи интереси и услуги каде што секој граѓанин е акционер. Зошто Балканците не му веруваат на државата? Бидејќи државата е составена од лица кои времето поминато во лошо управување со овие ресурси, го поминуваат криејќи го неспособноста во нивното лошо управување и измислувајќи начини за прикривање на кражбите. Секоја работа со државата се прави само кога е неопходно и Балканците има алтернативни начини. На пример, здравството е услуга што доколку сте вработени плаќате заедно со даноците и осигурување и имате книшки (со исклучок на Косово) и повеќето луѓе сепак одат кај приватните лекари. Се со среќа ако оваа работа се завршува приватно и немаат потреба да одат во Турција, Италија, Германија и на други земји. Приватните лекари се однесуваат како луѓе! Можеби ниту тие не му веруваат на државата!

Тие кои не можат да бегаат од Балканот, го поминуваат најмалку половина од својот живот во надеж „ако може да се бега само еднаш! Тука сакаат да бегаат и високи службеници на државната администрација и на заминувањето му се радуваат со болка. На Балканот политиката секогаш на сцена скока и е елегантна. Во светот на флората и фауната може да се наречат ноеви: кога доаѓа опасноста, го ставаат главата во песок! А и политичарите се луѓе и народ!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)