Ќерката на Здравко Чолиќ го покажа телото, Инстаграм гори! (ФОТО)

5

Уна Чолиќ, постарата ќерка на славниот пејач Здравко Чолиќ (70), изненади многумина со прoвокативните фотографии што ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Уна заиграла на картата на провокација, па позирала во костим за капење покрај морето, а облините ѝ биле во прв план.

Таа го покажала совршеното тело, додека на комплиментите што се нижат покрај фотографиите им нема крај.

„Каква риба“, „прекрасна си“, „мачко“, се само дел од пораките што може да се најдат на инстаграм-профилот на убавата Уна, која наесен ќе наполни 20 години.

Она што е малку познато во јавноста е дека Уна има две имиња. Кога сопругата на Здравко Чолиќ, Александра, го родила првото девојче во семејството Чолиќ во 2001 година, среќните родители решиле да ѝ дадат две имиња, па вистинското име на нивната ќерка е Уна Ѕвездана.

Да потсетиме, во 2006 година Здравко и Александра ја добија и втората ќерка, Лара.