Ќе затвораат ли кафаните и кафулињата во 18 часот, денеска одговор од Владата?

22

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести од 18 декември до 21 јануари угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот и да нема групирања дома и на отворено. Ова, како што образложива од Комисијата е со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници.

Препораките за рестриктивни мерки се насочени на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти.