Ќе никнат ли згради и кај поранешна „Треска“

12

Група архитекти, експерти, невладини и граѓански иницијативи и граѓани пред три дена поднесоа иницијатива до општина Центар со која бараат распишување архитектонско-урбанистички конкурс за локацијата на поранешната фабрика „Треска”. Претседателката на Советот, Јана Белчева Андреевска, на вчерашната седница ја раздели оваа иницијатива и побара од советниците да ја поддржат.

„Во скопската општина Центар во тек се процесите на одбирање на приоритетите за реализација на урбанистичките планови, па таа суптилна тема се актуализира. Деликатноста на овој простор што го сочинуваат повеќе катастарски (градежни) урбанистички парцели има повеќе димензии (имотно-правна, економско-социјална, политичка…). Редоследот и темпото на нејзиното разрешување мора да бидат професионално уредени, мора да одат во склад со јавниот интерес, со спецификите на временскиот контекст, со новосоздадените потреби“, стои во граѓанската иницијатива.

Граѓаните од Советот на општина Центар бараат да се донесе акт по однос на оваа иницијатива и во рок од три дена да ја соопшти одлуката. (izvor – mkd.mk)