Ќучук: ЕУ треба да одлучи по кој пат ќе оди, дали ќе биде политички сојуз или ќе мисли на граѓаните

4

„На оваа конференција присуствуваме сите партнери на ЛДП за да уште еднаш ја потврдиме чистата позиција дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ”, рече европратеникот Илхан Ќучук на вчерашната конференција на АЛДЕ и ЛДП „Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ.

Тој како копретседател на АЛДЕ вели дека испраќа голема поддршка за работата на ЛДП во земјава.

– Можеби европскиот сојуз има високи стандарди за животната средина, социјалната политика, но ЕУ треба да одлучи на која страна треба да оди, дали да биде политички сојуз како досега или пак да оди напред за подобар живот на граѓаните. Тоа значи дека треба и да се реши процесот меѓу Бугарија и Северна Македонија да бидат исполнети точките од договорот се со цел да прекине блокадата на Северна Македонија, беше дециден Ќучук.

Ќучук денеска во хотел Балкан во Софија е домаќин на Форумот за Западен Балкан со наслов „Време е за враќање на довербата”, во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум.

Форумот ќе ги отвори клучните теми за Западен Балкан се со цел да се дадат јасни насоки за преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ. На настанот ќе учествува и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, како и главниот преговарач на македонската Влада со Бугарија, проф. Владо Бучковски, но и останати експерти.

Извор: МИА