Џастин Тимберлејк прозборе за ноќта што му го разниша бракот: Испив премногу таа ноќ!

22

Џастин Тимберлејк е во долгогодишен брак со Џесика Биел, но гласините за неговото неверство почнаа кон крајот на минатиот месец, кога се појавија фотографии како Џастин се држи за рака со неговата колешка од сетот, Алиша Веинврајт.

Џастин се огласи по повод гласините за наводната прељуба.

„Отсекогаш избегнував трачеви, но овојпат морам да прозборам, поради моето семејство. Не можам да молчам, бидејќи гледам дека ова влијаеше на луѓето кои ги сакам. Пред неколку дена бев на мета на критиката, но сега сакам јавно да кажам – меѓу мене и колешката ништо не се случи. Испив премногу таа ноќ и не сум горд на своето однесување. Требаше подобро да постапам“, напиша Џастин на социјалните мрежи. Џесика исто така не ги коментираше гласините, а Џастин јавно ѝ се извини поради сè.

„Такво однесување не е добар пример што сакам да му го пренесам на син ми. Сакам да ѝ се извинам на сопругата и на семејството, поради сè што им приредив. Сега се фокусирам да станам уште подобар сопруг и татко“, рекол Тимберлејк.