Џафери за ТВ 21: Ако се повлече барањето за гласање недоверба на Владата, ново може да се поднесе после 90 дена

15

Претседателот на Собранието ја коментираше најавата дека е можно утре да биде поднесена нова иницијатива за гласање недоверба на Владата и да се повлече претходната иницијатива за која седница е закажана за в четврток.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во дебатниот магазин на „Клик плус“ на ТВ 21 во врска со најавата дека е можно утре да биде поднесена нова иницијатива за гласање недоверба на Владата, и повлекување на претходната, вели дека тоа процедурата е отпочната и седницата закажана за в четврток мора да има процедура. Ако се повлече, повторно барање за гласање недоверба може да се поднесе после 90 дена.

„Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“,

Можноста за поднесување нова иницијатива за Телма попладнево ја потврдиле од ВМРО-ДПМНЕ откако Скендер Реџепи-Зејд од Алтернатива ја прифатил понудата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да поднесат нова иницијатива на која Реџепи ќе ги избере останатите 19 пратеници со кои ќе ја потпише новата иницијатива за изгласување недоверба на Владата.