Џафери: Измените на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици нема да им пројдат

8

Доколку стигнат измените на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за јазици ќе ги ставам на дневен ред. Но тие мора да бидат свесни дека овој закон бара Бадентерово мнозинство кое го сочинуваат најмногу пратеници Албанци и тоа нема да им пројде, вели собранискиот спикер Талат Џафери.

– Предлагачот кога поднесува предлог треба да биде свесен дали обезбедил такво мнозинство, а во ој момент такво мнозинство нема и нема да им пројде – изјави Џафери.

Тој смета дека единствено во важност е актулениот Закон за јазици и ги повика сите институции доследно да го спроведуваат. Мислењето на Венецијанската комисија, за Џафери, е само консултстивно и необврзувачко.