Џафери не ја закажал седницата за распуштање на Собранието

7

Нема седница за распуштање на Парламентот. Џафери не ја закажал бидејќи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ била поднесена под старото уставно име на државата.

Опозициската партија сега го повикува да постапи по предлог –одлуката што лично тој ја поднел за распуштање на Собранието, а во која е наведено новото име.

Според СДСМ, со ваквото инсистирање, опозицијата бега од усвојувањето на Законот за јавно обвинителство, а собранискиот спикер е категоричен дека крајниот рок за распуштање е 16ти февруари.