Џафери ја деблокира комисијата со разрешување на Зендели

3

Власта бара разрешување на пратеникот Фадил Зендели од БЕСА од Комисијата за избори и изменувања, опозицијата жестоко реагира за прекршување на собранискиот Деловник.

Предлогот кој е потпишан од спикерот Талат Џафери и неколкумина пратеници од СДСМ, според опозициските партии е преседан и е поднесен непосредно пред почеток на седницата. Владејачките партии сепак инсистираат променетото мнозинство да се преслика во комисијата, кадешто во моментов опозицијата има повеќе пратеници.

Џафери уверува дека процедурите се испочитувани и Собранието има право да разрешува членови на работни тела после Конситутивната седница на која се формира составот. Зендели пак е зачуден од потегот на претседателот на Собранието, и тој обвини за непочитување на Деловникот.

Комисијата за избори и именувања е во застој долг период, откако БЕСА премина во опозиција а со тоа власта го изгуби мнозинството. Седници воопшто не се одржуваат, а токму од ова собраниско тело се чека изборот на четворица нови уставни судии, на предлог на политичките партии.