Џеки Чен го носи олимпискиот факел на врвот на Кинескиот ѕид

8

Штафетата на олимпискиот факел денес (3 февруари) го започна својот втор ден на врвот на Кинескиот ѕид, а меѓу оние кои се менуваа носејќи го факелот на рутата, скратена за три дена поради Ковид-19, беше и хонгкошкиот актер Џеки Чен и низа кинески носители на олимписки медали.

Според некои медиуми, штафетата за факелот што ќе ги отвори Зимските игри од 4 до 20 февруари е многу поскромна од штафетата што се протегаше ширум светот за Летните игри во Пекинг во 2008 година, турнеја која беше нарушена од протести.

Џеки Чен (67), акциона филмска ѕвезда од Хонг Конг, познат по неговата поддршка на владата во Пекинг, беше идентификуван во официјалното соопштение за печат со неговото кинеско име Чен Гангшенг.

„Се разбудив во 4 часот наутро. Ова ми е четврта Олимпијада. Многу сум среќен. А, исто така, многу ми е ладно!” Чен им изјави на новинарите по неговото трчање по Големиот ѕид.