Џенифер Лопез во 50-та година од животот едвај чека да добие бебе!

16

Земајќи предвид дека мегапопуларната Џенифер Лопез од неодамна е свршена со Алекс Родригез, сите со нетрпение ја очекуваме нивната венчавка.

Имено, славната актерка и пејачка сега првпат јавно признала дека сака уште еднаш да ги доживее убавините на бременоста…

Иако неодамна го прослави 50-от роденден, Џеј Ло во интервју за People зборуваше за улогата на мајка:

Го сакам тоа! Не знам дали Господ планира такво нешто за мене, но би сакала да се обидам. Отворена сум кон тоа“, изјавила Лопез, и додала дека верува дека и нејзините деца би сакале да добијат барем уште едно братче или сестриче.