Џејмс и Дејвис ќе го пропуштат натпреварот со Бруклин

3

 

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис решија да не играат против Бруклин нетс.

Според информациите од клубот, на Џејмс му пречат болки во левиот зглоб, а на Дејвис му треба време да закрепне од фрактура на десното стапало. Исто така, за Лејкерс не игра Остин Ривс, кој ја истегна тетивата на левата нога.

Дејвис пропушти пет ипол седмици поради повредата и периодов игра со временско ограничување. На мечот со Бостон на теренот помина 34 минути.

Џејмс против Селтикс Џејмс одигра 44 минути и имаше 41 поен, девет скока и осум асистенции. Му недостигаат уште 116 поени да го надмине Карим Абдул-Џабар вна вечната листа на стрелци во НБА-лигата.