Џеј Ло и Бен Афлек стапија во брак

0

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во саботата во американската сојузна држава Невада, објави TMZ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Тие двајцата се запознаа во 2002 година на снимање на филм. Нивната прва врска беше будно следена од папараците. Се свршија во 2003, но венчавката беше одложена, по што во 2004 година објавија дека се разделуваат.

Повторно стапија во врска минатата година, а се свршија во април годинава.

„Сега сме постари, попаметни и имаме повеќе исксутво“, изјави Лопез неодамна.

Актерската двојка го кажа судбоносното „да“ во Округот Кларк, Лас Вегас.

Лопез зад себе има три брака. Таа беше мажена и со латино пејачот Марк Ентони, со кој има близнаци. Афлек беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца.

Џеј Ло веста и официјално ја потврди, со обраќање до нејзините обожаватели откривајќи и детали за венчавката.