Џеј Ло покажа на плажа како навистина изгледа: Фотографии без фотошоп и филтри ФОТО

152

Латино дивата Џенифер Лопез (51) беше „уловена“ од папараците на плажа во текот на новогодишните празници, во едно луксузно одморалиште.

Популарната Џеј Ло носела едноделен црн костим за капење кој ја истакнувал нејзината фигура, а иако едноделен, костимот за капење бил во форма на танга позади, при што го истакнал делот од нејзинито тело на кој што пејачката најмногу се гордее.

Секој веќе знае дека Џенифер работи напорно на својата линија, јаде здраво и редовно вежба.
Папараците ја фатија пејачката Џенифер Лопез на плажа.

Џенифер, која има 51 година, обожава да го покажува своето тело, и тоа, често во разголени изданија, како на сцената, така и приватно.

Сепак, нејзините фотографии на социјалните мрежи и рекламите што ги прави главно се фотошопирани, а сега читателите можеле да видат како, всушност, изгледа пејачката.

Имено, облините, по кои е препознатлива, не изгледаат совршено, како што ги објавува на обработените фотографии, и на кои нема ниту трошка целулит, додека во реалноста е сосема поинаку.

Откако беа објавени фотографиите од нејзиниот нефотошопиран задник, бројни обожаватели и следбеници беа разочарани,

Иако секој ден вежба со помош на тренер, следбениците коментираа и дека тоа како секоја втора девојка има тело како славната Џенифер Лопез.