Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори

2

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби своето традиционално упориште Вандсворт во Лондон на локалните избори во Англија, првпат по 44 години.

Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија.

Лидерот на локалната конзервативна партија Рави Говиндиа истакна дека гласачите ја казниле партијата поради кризата предизвикана од зголемените животни трошоци.

Изборите се прв тест за Џонсон откако тој стана првиот британски лидер кој го прекршил законот додека бил на функција. Тој плати парична казна минатиот месец за присуство на роденденска забава во неговата канцеларија во 2020 година, непридржувајќи се кон мерките за одржување физичка дистанца, воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.

– Овие резултати потврдуваат дека гласачите ги казнија конзервативците, изјави Џон Куртис, професор по политички науки на Универзитетот Стратклајд.