Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека омикрон сè уште предизвикува „вистински проблеми“, како што е зголемување на хоспитализирањата, но дека е „очигледно поблаг од делта сојот“.
Тој ја повтори важноста на бустер дозата, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин разумно и претпазливо да се дочека Новата година.
„Ако не сте вакцинирани, осум пати поголема е веројатноста да завршите во болница. Жал ми е што морам да го кажам ова, но огромното мнозинство од луѓето кои моментално завршуваат на интензивна нега не се вакцинирани“, изјавил тој за Скај њуз.
Џонсон изјави дека бројот на хоспитализирани расте поради омикрон.
„Омикрон продолжува да предизвикува вистински проблеми. Можете да видите дека бројот на луѓе во болниците расте. Но, очигледно е поблаг од делта сојот“, рече тој.