Џонсон: Основата на НАТО е сите за еден, а еден за сите

4

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој се најде во ситуација да жонглира со изборната кампања и состанокот на НАТО, апелираше на единство во сојузот на НАТО после критиките на францускиот претседател Емануел Макрон.

Џонсон го истакна значењето на НАТО за безбедноста на една милијарда луѓе.

– Во основата на НАТО стои ветување дека сите ќе застанеме во одбрана едни на други: сите за еден, еден за сите, изјави Џонсон по пристигнувањето во луксузниот хотелски комплекс надвор од Лондон,

Присуството на американскиот претседател во Велика Британија, каде не ужива голема популарност, за Џонсон е непријатност, оценуваат британските медиуми. Тие забележуваат дека Џонсон постојано избегнува каква било „поврзаност” со американскиот лидер и вчера не се фотографираше со Трамп, а притоа двајцата лидери имаа состанок во Даунинг стрит.

Британскиот премиер негираше дека го избегнува Трамп.

„Не би сакал да се фотографирам со сите можни лидери на НАТО”, изјави Џонсон.