Џонсон: Руското бомбардирање на Харков ме потсетува на српското врз Сараево

12

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека владата на Британија ќе им олесни на Украинците, кои веќе се на Островот, да ги доведат своите роднини.

Џонсон изјави дека британската влада ќе обезбеди до 220 милиони фунти хуманитарна помош, а исто така рече дека ќе стави на подготвеност 1.000 војници за помош на хуманитарниот договор во соседните земји.

Тој ја повтори поддршката на Велика Британија за Украина.

Коментирајќи го руското бомбардирање на цивилни објекти во Харков, во кое загинаа најмалку 10 луѓе, Џонсон рече дека „апсолутно згрозен“.

„Тоа ме потсетува, доколку се сеќавате, на гранатирањето на пазарот во Сараево од страна на Србите, на бомбардирањето на недолжни луѓе во Босна. За мене тоа е намерно сторено злосторство против цивилни објекти“, рече Џонсон на прес-конференција во Естонија.