Џонсон ја затвори Aнглија, карантин до средината февруари

17

Новите построги мерки се слични на оние што важеа на почетокот на пандемијата во март.

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа ја објави одлуката со која, поради ковид кризата, Aнглија и Шкотска до средината на февруари ќе бидат во карантин.

Според мерките, се препорачува работа од дома, освен за оние што работат во сектори во кои тоа е невозможно.

Граѓаните ќе може да излегуваат од своите домови единствено да пазаруваат прехранбени продукти или лекарства, поради медицински причини или за обезбедување нега на немоќни лица.

Сите училишта ќе бидат затворени најмалку до средината на март, а ќе останат отворени само за децата на работниците во клучните сектори за справување со ковид кризата и за оние од ранливите семејства.

Студентите не се враќаат во кампусите и наставата ќе се одвива онлајн.

Полицијата добива законски овластувања за спроведување на драконските мерки.причината за вака ригорозниот режим се последните бројки на заразени.

Новиот карантин би требало да треа до февруари, а парламентот овие нови мерки би требало да ги разгледа утре.