Џон Траволта скршен од болка поради болеста на својот пријател: Те сакам, Брус

4

Холивудскиот актер Џон Траволта се огласи откако беше објавено дека Брус Вилис боледува од афазија. Тој упати зборови на поддршка до својот колега и пријател.

„Брус и јас станавме добри пријатели на снимањето на нашите два хит филмови „Pulp Fiction“ и „Look Who`s Talking“. Години подоцна тој ми рече: „Џон, сакам да знаеш дека кога ќе ти се случи нешто добро, се чувствувам како да ми се случува мене. Ете толку дарежлива душа е тој. Те сакам, Брус“, напиша Траволта во описот на неколкуте заеднички фотографии кои ги сподели на својот инстаграм-профил.

Последниот филм на кој Брус и Џон работеа заедно беше „Paradise City“.

Да потсетиме, семејството на Вилис објави дека тој се повлекува од актерството поради дијагноза на афазија. Како што истакнаа, тој се соочил со одредени здравствени проблеми, кои се одразиле на неговите когнитивни способности. Изјавата е потпишана од неговата сегашна сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и сите негови деца.

После тоа, голем број познати личности и колеги на Брус се јавија да му дадат поддршка на актерот и неговото семејство.