Џордан со солзи се прости од Коби: Ми беше како помал брат! (видео)

9

Помеѓу бројните познати имиња кои се простија од Коби на комеморацијата во „Стејплс Центарот“ беше и легендарниот Мајкл Џордан.

Имаше голем број на познати личности во „Стејплс Центарот“ но, најголемо внимание некако го привлече веројатно најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, кој одржа многу емотивен говор.

„Можеби ова ќе изненади некого, но јас и Коби бевме многу блиски пријатели. Коби беше мојот мал брат. Сите секогаш сакаа да зборуваат за сличностите меѓу нас, но јас само сакав да зборувам за Коби. Тој сакаше да ги подобри своите перформанси. Запознавајќи го него, сакав да му станам постар брат“.

„Ретко запознавате личност со која можете да разговарате за сè што ве интересира. Тој неодамна ми испрати порака во која пишуваше дека сака да ја научи на својата ќерка некои потези во кошарката и ме праша што учам и за што работам. Прашав колку е стара. и тој одговори 12. Јас му реков дека играв бејзбол во тоа време. Секако, тој разговор беше во два часот наутро. Кога почина Коби Брајант, умре дел од мене. Ветувам дека од овој ден ќе живеам со сеќавања дека имав помлад брат, на кого се обидов да му помогнам со се што можам“, истакна низ созли Џордан.