Авионот на смртта заминува во историјата?! Боинг 737 нема да се произведува од јануари

5

После повеќе од 20 години компанијата „Боинг“ објави дека од јануари 2020 година привремено го прекинува производството на моделот 737 Макс.

Одлуката е донесена откако федералната воздухопловна управа одби да одобри враќање на авионот во употреба пред 2020 година после двете несреќи во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.

Од компанијата наведуваат дека нема да отпуштат ниту еден од 12.000 вработени, но се очекува дека прекинот на производството ќе се одрази врз добавувачите на делови.

„Боинг“ продолжи со производството на моделот 737 Макс и покрај тоа што авионот е приземјен девет месеци.

Повеќе од 300 лица загинаа кога два авиона од тој модел се урнаа во Индонезија и Етиопија откако беше пријавено дека имаат проблем со новите функции.

Боинг 737 Макс е приземјен од март минатата година што произведувачот го чинело повеќе од девет милијарди долари.