Авион принудно слетал во Загреб поради патник кој викал и сакал да ја отвори вратата

3

Вистинска драма поминаа патниците на британската ТУИ на летот од Пафос за Манчестер, кои требаше да летаат за Манчестер во понеделник, на 15 август, околу 17 часот.

Прво, поради работното време на екипажот, авионот полетал од Кипар со 6 часа доцнење. Споменатиот лет го управувал авион SmartLynx A321, а поради проблематичен патник, екипажот решил принудно да слета на аеродромот во Загреб, јавува хрватската авијација.

Патниците изјавиле дека среде летот, патникот конзумирал бел прав, според многу извештаи тоа е кокаин и се молел меѓу столовите на подот во кабината. Пред да се упати кон излезот за итни случаи, тој им викнал „се гледаме во рајот“ на патниците, а потоа се обидел да ја отвори вратата на авионот.

Неколку патници го собориле дотичниот на подот и го спречиле да го стори тоа.

Авионот слетал на загрепскиот аеродром во 1 часот по полноќ, а патниците се пожалиле на организацијата на нивното пристигнување во Загреб. Тврдат дека никој не ги пречекал и дека ноќта ја минале на подот на патничкиот терминал, без храна и пијалок.

Дури рано, велат, биле пренесени во околните хотели, по што биле известени дека летот за Манчестер од Загреб ќе полета во вторник, на 16 август, во вечерните часови.

ТУИ им се извини на сите патници. Споменатиот патник бил изнесен од авионот под полициска придружба и не го продолжил патувањето за Манчестер следниот ден.

Во вторникот, во 20 часот и 30 минути, авионот полетал од Загреб за Манчестер, каде што патниците пристигнале со приближно 26 часа доцнење,пренесе Блиц.рс.