Австралиска сенаторка при давање заклетва ја нарече кралицата Елизабета колонизатор (ВИДЕО)

1

Лидија Торп, австралиска сенаторка од абориџинско потекло, при давањето заклетва за мандат во австралискиот парламент, ја нарече британската кралица Елизабета Втора колонизатор. Британската кралица формално лидер на Австралија.

„Јас, суверената Лидија Торп, свечено и искрено потврдувам и изјавувам дека ќе бидам верна и вистински лојална на колонизаторското величество кралицата Елизабета Втора“, кажа Торп при заклетвата пред да ја прекинат шефицата на Сенатот Сју Лајнс и други пратеници.

Еден пратеник кажа дека Торп не е вистинска сенаторка додека не ја даде заклетвата на вистински начин. Лајнс ја замоли Торп да ја даде заклетвата точно онака како што пишува на картичката. Торп го направи тоа со високо крената тупаница.

„Суверенитетот никогаш не е отстапен“, напиша Торп на Твитер. Австралија доби независност во 1901 откако беше колонија на Британија повеќе од еден век. Британската кралица Елизабета е и кралица на Австралија.

Во Австралија сè погласни се барањата да се прекинат врски со британското кралско семејство и да се прогласи република.