Австрија е меѓу најпогодените од Ковид 19: Државата има повеќе од половина милион невработени лица

13

Ковид-19 не ја поштеди светската економија, а особено граѓаните и помалите компании. Скоро секоја земја се соочи со бројни економски предизвици, а Австрија е меѓу најпогодените.

Во таа земја е забележано драстично зголемување на бројот на невработени, што на крајот на јануари достигна дури 535.470. За споредба, тоа е 27% или 114.769 повеќе невработени лица, во споредба со јануари 2020 година.

Дека состојбата не се подобрува, и покрај примената на вакцинација, покажува и фактот дека во декември Австрија имала 520.919 невработени лица, што е значително помалку од сега. Сепак, таа во моментов не е ниту близу до рекордот од април, кога имаше околу 588 000 луѓе без работа.

Стапката на невработеност беше 11,4 проценти на крајот на јануари, што е за 2,8 проценти повисока отколку во јануари 2020 година. Пред две години, стапката на невработеност во јануари беше 9 проценти.

„Билансот во јануари покажува дека се уште сме, поради пандемијата, во многу тешка ситуација на пазарот на трудот. Тој додава дека карантинот имал најмногу негативно влијание на пазарот. Директорот на Службата за вработување (АМС), Јоханес Копф, посочува дека состојбата е особено лоша во туризмот.

Добро е познато колку оваа европска земја се потпира на туризмот, бидејќи само Виена во просек годишно ја посетуваат повеќе од 16 милиони туристи, од сите континенти.