Автобус со работници се преврте во Битола, има повредени

4

Автобус кој утрово превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се превртел од патот на излезот од индустриската зона „Жабени“ во Битола. Полицијата потврди дека несреќата се случила утрово околу 6,30 часот, кога автобусот се превртел од патот.

Од Битолската болница соопштија дека се донесени 5 повредени пациенти со полесни повреди, третирани амбулантски и не се хоспитализирани.