Автогол на Брисел!

11

Жолтите елеци и многубројниye граѓански движења во Франција размислуваат сосема поинаку од Макрон, и овој последниот има за цел да преку зајакнувањето на авторитетот на  надворешниот европски план, да се наметнува и внатре како лидер на националното единство. Таков лидер, во минато сме виделе  и тука низ Балканот, но нивниот крај воопшто не беше славен.

Од Емин АЗЕМИ

Зоран Заев не треба да си даде оставка, за не одредување на датумот за преговорите со ЕУ, затоа што Брисел не го барал тоа од него. Тоа го бара опозицијата, не затоа што таа има некоја по европска агенда, туку просто сака да се враќа на власт.

Изненадувачки, неевропската агенда на македонската опозиција и непринципиелната политика на францускиот претседател Емануел Макрон, за прв пат виделе место на средба. Ниту на македонската опозиција, ниту Макрон не се заинтересирани за Преспанскиот договор и за затворањето на некои спорови со Бугарија.

Не одредувањето на  датумот за преговорите, ЕУ дефинитивно се покажува сека нема некоја доследност што се однесува до политиките за проширување, затоа што последните ставови на Емануел Макрон не се однесуваат воопшто со филозофијата врз која е основана ЕУ, ниту со документите на ЕУ, а ниту со документите усвоени во Лисабон, Копенхаген, Солун, и друго, и најмалку со некои критериуми што треба да се земат како основа што се однесува до Албанија и Северна Македонија.

Не сакајќи, Брисел стана заложник на контроверзните ставови на францускиот претседател и досега не се случил да има такви дијаметрално спротивставен ставови меѓу европските лидерите, како што се случи неодамна. Тоа го прави Брисел слаб играч кој постигнува автогол на штета на неговите интереси.

Макрон, сакајќи да се наметне како иден лидер на Европа, ги гори  европските карти на самата ЕУ, кој бара некои свои реформи што ги преведува како неопходни за самите членки на ЕУ.

Дека Макрон не е искрен во неговите ставови што се однесува до резервите што ги има кон Албанија и Северна Македонија, покажува и неговата подготвеност да попушта под услов ако Германија ги прифати неговите идеи за реформирање на ЕУ!

Значи, на Макрон не му е гајле за идејата да и Балканот се европеизира, туку размислува да ги внесува француските цели во сите политики на ЕУ, вклучувајќи, на пример, финансиите и буџетските пресметки во Еврозоната (создавање на некаков европски ММФ), прашањето кон бегалците, некои дополнителни критериуми во надворешната политика итн.

Секој лидер, како Емануел Макрон, кој му дава толку многу оган на неговиот шпорет за да ги загрее другите, покажува дека внатре му е многу студено.

Жолтите елеци и многубројните граѓански движења во Франција размислуваат сосема поинаку од Макрон, а овој последниот има за цел да преку зајакнувањето на авторитетот на европски надворешен план да се наметне и внатре како лидер за националното единство.

Таков лидер  во минатото  видовме низ Балканот, но нивниот крај не беше славен. Да почекаме и да видиме што ќе се случува со балканизацијата на европските лидери?! (koha.mk)