Автопатот Струма во правец кон Софија утрово повторно отворен за сообраќај

12

Автопатот Струма во правец кон Софија е повторно отворен за сообраќај. Полициските патроли го обезбедуваат местото на тешката автобуска несреќа, пишува Новини.бг.

Доцна синоќа автобусот беше отстранет и транспортиран во правец на Перник, а делот од автопатот беше пуштен за сообраќај.

Утрово автомобилите мирно се движат во правец Дупница-Софија, но во спротивниот правец сообраќајот и понатаму останува затворен.

Се шпекулира дека денеска ќе се дознае кога точно патот ќе биде повторно отворен, но засега нема информации кога точно ќе се случи тоа.